Што ви кажува вашето тело?

телоНашите тела секогаш знаат што не е во ред со нив. Секој звук, секоја болка може да биде обид на телото да ни каже дека нешто не е во ред. Еве 10 предупредувања од вашето тело кои не би требало да ги игнорирате.

Нашите тела секогаш знаат што не е во ред со нив. Секој звук, секоја болка може да биде обид на телото да ни каже дека нешто не е во ред. Еве 10 предупредувања од вашето тело кои не би требало да ги игнорирате.

тело1. Зглобови кои крцкаат

Најверојатна причина:
Течноста околу зглобот содржи неколку гасови, како кислород и азот. Кога ги крцкате зглобовите, тие се истегнуваат, при што се ослободуваат меури кои пукаат. Звукот на крцкање исто може да биде предизвикан и од триење меѓу тетива и коска.

Помалку веројатна причина:
Ако чувствувате болка секој пат кога крцка зглоб, тогаш тоа може да е знак дека имате проблем, со зглобот или рскавицата, како артритис.

Што да правите:
– Ако крцкањето не боли, не се грижете.
– Ако има болка, отекување, зглобот е црвен или топол, или има ограничено движење, тогаш посетете доктор за да откриете кој е проблемот.

2. Суви очи

Најверојатна причина:
Гледањето во компјутерски монитор премногу долго, конзумирање премногу алкохол, или изложеност на студено, суво или ветровито време можат да го зголемат испарувањето на тенкиот слој на солзи на окото. Антидепресанти, антихистамини и лекови за настинка исто така можат да ги исушат очите.

Помалку веројатна причина:
Хронично суви очи можат да бидат и сиптом на хипертироидизам или автоимунолошка болест како лупус.

Што да правите:
– За блага сувост, обични капки за очи без презервативи ќе ги подмачкаат и заштитат вашите очи.
– Носете очила за сонце кои целосно ги покриваат вашите очи и штитат од UV зрачење, кога сте изложени на студено или ветровито време
– За хронично суви очи, посетете доктор за тестови, и побарајте соодветни капки за очи.

3. Студени раце

Најверојатна причина:
Стрес или страв можат да го забрзаат вашиот нервен систем, поради што крвните садови се собираат и се намалува циркулацијата во рацете. Но, исто така некои луѓе имаат природно побавна циркулација.

Помалку веројатни причини:
Ако вашите прсти се грчат, губите чувство во нив, или менуваат боја (од бела до сина и темно црвена), тогаш може да се работи за Рејнов феномен, кој влијае врз крвотокот во екстремитетите. Други можности: проблем со сврзното ткиво, затнати артерии, или последици од некои лекови.

Што да правите:
– Обидете се со длабоко дишење или било која техника за лесно опуштање за да ја подобрите циркулацијата ако мислите дека причината е стрес. Чувајте ги рацете топли.
– Ако вашите раце стануваат студени без очигледна причина или ако се случува често, посетете го вашиот доктор.

4. Хронична кашлица

Најверојатна причина:Нешто го скокотка вашето грло, и кашлањето е телесен рефлекс за исфрлање на проблемот. Може да биде остаток од алергии или пак можеби имате хиперактивни назални мембрани за слуз кои испраќаат течност во вашето грло. Стомачните киселини исто така можат да го иритираат грлото и да предизвикаат кашлање.

Помалку веројатна причина:
Грчеви на дишникот можат да бидат нус појава на некои лекови. Хронична обструктивна болест на белите дробови (најчесто поради пушење), белодробна фиброса (која предизвикува и оштетување на белите дробови) или проблем со срцев залисток исто така може да предизвика кашлање ако се собере течност во белите дробови.

Што да правите:
– Закажете преглед и разговарајте за сите симптоми кои ги имате за вашиот доктор да може да откри што не е во ред. Тој најверојатно ќе ги слуша вашите бели дробови и срцето, а дури може да побара и рентген на градите. Лечењето на основниот проблем би требало да ја спречи кашлицата.

5. Грчеви во мускулите на нозете

Најверојатна причина:
Седење или стоење премногу долго во една положба или долго носење високи потпетици, можат да ги напрегнат мускулите на подколениците што може да предизвика грчеви, некогаш неколку часови подоцна, или во ноќта. Дехидрацијата исто така може да предизвика грчеви.

Помалку веројатна причина:
Антихистамини, естроген и лекови за остеопороза можат да предизвикаат грчеви. Затнати или стеснети артерии исто така можат да го намалат крвотокот во вашите нозе, што предизвикува грчеви.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Што да правите:
– Пијте многу течности за да останете хидрирани, и јадете храна богата со калциум, калиум и магнезиум, како зеленчук, банани и грав.
– Одберете ниски, удобни чевли за да го намалите напорот во потколениците.
– Истегнете ги нозете по пешачење, вежбање, седење подолг период или носење високи потпетици.

6. Ноќно потење

Најверојатна причина:
Хормонални варијации можат да ја изместат регулацијата на телесната температура, поради што ќе се потите во спиење. Пореметување на работата на тироидната жлезда исто така може да предизвика ноќно потење.

Помалку веројатна причина:

Некои лекови, вклучително и антидепресанти, ја имаат оваа нус-појава. Некои болести, како рак, лупус, или сериозни инфекции (како туберколоза), исто така можат да предизвикаат ноќно потење.

Што да правите:
– Спуштете ја температурата во вашата спална, со отварање на прозорец или користење на вентилатор.
– Ако потењето не престане, посетете го вашиот доктор за да се исклучи можноста за болест.

7. Пукнатини на краевите на устата

Најверојатна причина:
Претерано лижење на усните или изложеност на ветар, студ или сув воздух може да ги исуши усните и да предизвика пукнатини на тенката кожа. Друг проблем може да биде недостаток на железо, витамин А или C или било кој од B витамините.

Помалку веројатна причина:
Пукнатините можат да бидат претходник на габична инфекција, која може да предизвика и црвенило околу пукнатините.

Што да правите:
– Ако неодамна сте почнале со користење нови козметички пепарати, престанете да ги употребувате, а потоа почнете да ги користите еден по еден за да утврдите кој е виновникот.
– Ако пукнатините не заздравуваат, се влошат или изгледаат инфицирано, тогаш посетете го вашиот доктор за да се консултирате за вашата исхрана, или пак да се тестирате за можна габична инфекција.

8. Крвави очи

Најверојатна причина:
Недостаток на сон или премногу време поминато пред мониторот може да предизвика зголемување на крвните садови во белката на очите. Алергии или изложеност на чад или прав може да предизвика црвенило.

Помалку веројатна причина:
Може да имате воспаление во окото или на очните капаци предизвикано од повреда, инфекција или надворешно тело. Постојано крвави очи можат да бидат симптом на системски проблем, како автоимуна болест.

Што да правите:
– Додека работите на компјутер, правете чести паузи. Затворете ги очите една минута, за да се навлажнат и да се намали испарувањето на солзи, пред да продолжите со работа.
– Користете капки за подмачкување на очите за да измиете можни надворешни тела.

9. Крвави непца

Највверојатна причина:
Помеѓу вашите заби и непца може да има бактерии кои ослободуваат киселина која ги иритира непцата и го предизвикува крварењето. Стрес или хормонални промени се главните причини за намножување на бактерии, бидејќи напливот на хормони ја намалува способноста на имунитетот за борба против бактерии.

Помалку веројатна причина:

Крварење може да биде предизвикано и од болест на непцата. Во ретки случаи, крвави непца можат да бидат симптом на орален рак.

Што да правите:
– Мијте ги забите двапати дневно. Користењето на антибактериско средство за плакнење на устата исто така може да го намали бројот на бактерии и да ви помогне во оралната хигиена.
– Посетувајте го вашиот стоматолог за редовно чистење.

10. Крцкање на вилицата

Најверојатна причина:
Зглобот кој ја поврзува вашата вилица со черепот, не се отвара и затвара како што треба. Ова може да биде поради криви заби или триење меѓу забите.Стресот може да го влоши проблемот, особено ако ги стегате забите кога сте напнати или додека спиете.

Помалку веројатна причина:
Ако при крцкањето чувствувате и болка, можеби имате артритис на зглобот.

Што да правите:
– Ако вашата вилица крца од време на време и не ви пречи, тогаш не се грижете. Обидете се да ги опуштите вилицата и мускулите на устата кога не зборувате или јадете.

– Избегнувајте гума за џвакање и храна која е тешка за џвакање.
– Ако има болка, осетливост или ако вилицата ви се укочува, посетете стоматолог. Тој може да би препише специјална протеза за местење на зглобот на вилицата, или штитник за заби за да го спречите триењето.

- Реклама -