20 нутриционистички совети

ИсхранаНајдобриот совет кој можете да го добиете како одговор на прашањето која „диета“ да ја користите, најверојатно е да ја користите онаа диета која веќе ја имате. Потребни се само неколку мали приспособувања, кои ќе ви овозможат поздрава исхрана, па дури и намалување на телесната тежина. Овие приспособувања ќе го подобрат и вашето здравје и вашата фигура.

Најдобриот совет кој можете да го добиете како одговор на прашањето која „диета“ да ја користите, најверојатно е да ја користите онаа диета која веќе ја имате. Потребни се само неколку мали приспособувања, кои ќе ви овозможат поздрава исхрана, па дури и намалување на телесната тежина. Овие приспособувања ќе го подобрат и вашето здравје и вашата фигура.

ИсхранаИспијте втора шолја кафе. На овој начин можете да го намалите ризикот од појава на дијабетес.

Сервирајте готови порции. Неколку истражувања имаат покажано дека ако сервирате готови порции, наместо празни чинии кои секој ќе ги наполне колку сака, количината која ја конзумирате ќе се намали за околу 35 проценти.

Мислете пред да се напиете. Просечниот човек пие над 400 калории дневно. Двојно повеќе од количината на калории која треба да ја внесувате преку пијалаци. Дополнително, на овој начин внесувате и околу десет кафени лажички повеќе шеќер од сокови. Заменете ги слатките чаеви и сокови со пијалаци без калории и ќе загубите околу 20 килограми годишно.

Користете ја меморијата. Британски научници откриле дека оние лица кои се потсетуваат на нивниот последен оброк пред јадење, конзумираат 30 проценти помалку калории од оние кои веднаш започнале со јадењето.

Вклучете протеини во секој оброк. Кога вашата исхрана се фокусира повеќе кон протеини, можете да загубите повеќе тежина, без притоа да се чувствувате гладно. Протеините се најдобрата хранлива состојка за активирање на метаболизмот и намалување на апетитот. Протеините исто така ве тераат да конзумирате помали количини храна на секој следен оброк.

Одберете интегрален леб. Јадењето интегрален леб, наместо бел, е поврзано со намалување на ризикот од рак и срцеви проблеми.

исхранаРиба. Конзумирањето две порции (по околу 110-170 грама) мрсна риба неделно ќе ви го избистри умот. Најдобрите се, лосос, туна, харинга и пастрмка. Тие се полни со омега 3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од појава на Алцхајмерова болест.

Намалете ги порциите за една четвртина. Истражувачите на Државниот Универзитет во Пенсилванија откриле дека само со намалувањето на порциите за 25 проценти, луѓето конзумирале 10 проценти помалку калории, без притоа да чувствуваат глад. Следниот пат кога си приготвувате оброк, размислете што е разумна порција, а потоа намалете ја за една четвртина.

Исклучете го телевизорот. Научниците од Универзитетот од Масачусец откриле дека луѓето кои гледаат телевизија за време на оброкот, конзумираат во просек 288 повеќе калории од оние кои јадат со исклучен телевизор.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Спуштете ја виљушката додека џвакате. Исто така можете и да се напиете голтка вода помеѓу секој залак. Бавното јадење ги зголемува нивоата на два хормони кои прават да се чувствувате најадено.

Изберете ’ржан (не пченичен) леб за појадок. Шведски истражувачи откриле дека оние луѓе кои јадат ’ржан леб чувствуваат помалку глад осум часа по појадокот од оние кои јаделе пченичен леб. Ова се должи на високиот степен на растителни влакна во ’ржта и минималниот ефект врз шеќерот во крвта. На овој начин ќе ви се намали нагонот за грицкање, а и помалку ќе јадете за време на ручекот.

Пијте зелен чај. Зелениот чај може да ви помогне за зацврстување на коските, според кинески истражувачи, што ќе го намали ризикот од скршеници во подоцнежните години. Друга студија исто така покажала дека зелениот чај помага и за отстранување на лошиот здив.

Вежбајте пред ручек или вечера. Така, оброците кои ќе ги конзумирате ќе бидат позаситувачки, што значи дека ќе внесувате помалку калории во текот на денот.

Спијте осум часа секоја ноќ. Според истражувачите од Универзитетот Вејк Форест премногу или премалку спиење додава тежина.

Пијте две чаши млеко дневно. Луѓето кои пијат повеќе млеко имаат 16 проценти помал ризик за добивање срцеви болести од оние кои пијат помалку.

Слободно јадете ја омилената храна. Добрата исхрана не значи ограничување, туку правење мудри избори. Зошто да изедете чизбургер со 1000 калории, кога хамбургер кој има само 500 калории ќе ве задоволи подеднакво. Поентата е, јадете ја храната која ве задоволува, само не претерувајте.

Бирајте храна со помалку состојки. Постојат илјадници состојки и додатоци за храна кои завршуваат во вашиот оброк. Но дали знаете што сите овие хемикалии му прават на вашето здравје и вашата тежина? Нормално дека не. Едно едноставно правило за памтење: Ако дете од седум години не може да го изговори, тогаш не сакате да го јадете.

исхранаГрицкајте пуканки. Во студија изврешена во 2009, луѓето кои јаделе една порција суви пуканки (без масло) половина час пред ручек, конзумирале 105 калории помалку за време на оброкот.

Или грицкајте ореви. Јадењето по една рака ореви секој ден може да го подигне нивото на корисниот холестерол, а да го намали нивото на лошиот холестерол.

Измешајте го појадокот. Според студија извршена на Универзитетот во Сент Луис, луѓето кои јаделе јајца за појадок наместо бел леб, остатокот од денот конзумирале 264 калории помалку. Ова е затоа што протеините повеќе заситуваат од јаглехидратите.

- Реклама -