Скоро секој графички дизајнер кој работи дигитален дизајн, користи графичка таблета за цртање. Проблемот е тоа што добра графичка таблета, како на пример Wacom Intuos се поприлично скапи. Ако имате Андроид уред односно таблет и саката да го користите GIMP под Linux како програма за едитирање на фотографии. Се што ви е потребно е Андроид таблета и апликација за цртање.
“XorgTablet” е апликација создадена од страна на тимот на gimpusers.org која ви овозможува да го изберете Андроид уредот како влезен инпут во GIMP.
Негативната страна е тоа што екраните на Андроид ја нема прецизноста како оригиналните графички таблети.
Апликацијата се поврзува со компјутер преку кабел или преку wi-fi ако ја подесите точно.
[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=QgTm2TEt4Yc[/youtube]