Се наоѓаме во период од годината во кој главна тема на сите филмофили се Златните Глобуси и Оскарите. Но поради малото медиумско влијание ретко кој знае дека северно од Лос Анџелес, во ридовите на Јута се одвива одличниот филмски фестивал Sundance.
На фестивалот кој се одвива секоја година а започна во четвртокот, како и секогаш ќе се пласираат повеќе инди филмови, кои доколку имаат среќа да се издвојат, ќе успеат да се појават низ кино салите ширум светот.
Најголема прашина се дигна зад филмот „Beasts of the Southern Wild“ кој ја имаше својата премиера на фестивалот, и веќе се наведува како еден од најдобрите филмови за 2012 а доби и неколку номинации за Оскар.
Останатите фаворити од годинашните проекции се: „jOBS“ со Ештон Качер, комедијата „Computer Chess“, и документарците „Google and the World Brain“ и „Pussy Riot — A Punk Prayer“.