5 митови за вежбањето кои мора да ги заборавите

митовиПовеќето луѓе кои сакаат да ослабат се решаваат да испробаат лесно решение за кое не е потребен труд, но такви не постојат. Но и оние кои се решени да ослабат со вежбање често не ги постигнуваат саканите ефекти поради недоволна информираност. Еве ја вистината која се крие зад неколку митови за вежбањето.

Повеќето луѓе кои сакаат да ослабат се решаваат да испробаат лесно решение за кое не е потребен труд, но такви не постојат. Но и оние кои се решени да ослабат со вежбање често не ги постигнуваат саканите ефекти поради недоволна информираност. Еве ја вистината која се крие зад неколку митови за вежбањето.

митовиТрчањето е поефикасно од пешачењето
Точно, ако трчате 30 минути ќе согорите двојно повеќе калории отколку со пешачење. Но ако со пешачење и трчање поминете исто растојание, тогаш ќе најверојатно ќе изгубите ист број на килограми. Што значи дека ако не ви пречи бавното движење, ќе ја постигнете истата цел. Некои студии дури имаат докажано дека е поважно времетраењето отколку интензитетот на вежбањето.

Вежбањето го засилува чувството на глад
Честа заблуда: Ако согорите стотици калории за време на вежбањето, потоа ќе внесете многу повеќе. Но неколку истражувања укажуваат дека вежбањето нема никаков ефект врз потребата за храна, освен кај маратонците кои вежбаат два или повеќе часа дневно. Некои истражувања дури и наведуваа дека чувството на глад е потиснато за време на вежбањето, и во одреден период потоа.

Не е важно од каде доаѓаат калориите
Сите калории не се создадени еднакви. Прво, за некои типови на храна (посебно протеините) е потребно повеќе енергија за џвакање, варење и складирање. За други (како масти и јаглехидрати) се потребни помалку калории за варење и складирање. Второ, различни типови на храна имаат различен ефект на нивото на шеќер во крвта. Рафинираните јаглехидрати (бел леб, колачиња и овошни пијалаци) драматично го подигаат нивото на шеќер во крвта што поттикнува складирање на масти, зголемување на телесната тежина и глад. Храна со растителни влакна, на пример јаболката, како и протеините, помалку го подигнуваат нивото на шеќер, што значи дека се подобри за вашата половина. Храната која содржи многу вода, како зеленчуци и супа, го полнат стомакот со многу помалку калории, што значи дека побрзо ќе завршите со јадењето отколку кога јадете храна која е полна со калории.

Само диета е доволна за губење на тежина
Со намалувањето на калориите ќе загубите тежина на краток рок, но ако не сакате тие килограми да се вратат тогаш морате да вежбате. Вежбањето согорува калории, но и ја зголемува мускулната маса, а мускулите заземаат помалку простор од салото. На мускулите исто така им се потребни повеќе калории за да опстанат отколку на другите ткива. Со други зборови, поголема мускулна маса значи повеќе согорени калории кога мирувате. Всушност, некои истражување докажуваат дека на долги патеки, ако имате избор помеѓу јадење помали количини или почесто вежбање, вежбањето би бил правилниот избор за слабеење.

Не постои најдобро време за вежбање
Ако планирате да пешачите само за да бидете здрави или за да слабеете, не е важно кога го правите тоа туку важно е да го направите. Но ако сте спортист кој сака квалитетно вежбање, тогаш вежбајте доцна попладне кога телесната температура е највисока. Мускулите се загреани, времето за реакција е помало и силата е на највисоко ниво, и ако поради тоа вежбате поинтензивно, тогаш ќе согорите повеќе калории. [5 Fitness Myths You Need to Forget]

- Реклама -