Трчање или јога, што е подобро за вас

вежбањеОва е често прашање кај оние кои сакаат да живеат здраво „Мора да трчам или да вежбам интензивно за да има ефект? Зар не може да практикувам само јога?“ За жал (или за среќа) одговорите на овие прашања се да… и да.

Ова е често прашање кај оние кои сакаат да живеат здраво „Мора да трчам или да вежбам интензивно за да има ефект? Зар не може да практикувам само јога?“ За жал (или за среќа) одговорите на овие прашања се да… и да.

вежбањеРазлични типови на вежбање имаат различни намени и различни придобивки. Нашите тела, за да бидат здрави имаат потреба од различни видови на вежби. Само еден тип на вежби можеби нема да го постигне сите ваши цели: здраво срце, силни мускули и коски, и безбедност од повреди. Затоа, важно е да се практикуваат доволно типови на вежби за да се добијат сите физички придобивки. Не сте сигурни кои вежби да ги правите за кои цели, еве мала помош.

Аеробик вежби: За силно и здраво срце, кое ќе биде заштитено од срцеви болести, потребни ви се аеробик вежби. Ова значи дека треба да поработите за вашиот пулс додека вежбате да биде 65 до 85 проценти од максималниот пулс. Ако ова не ви успее, тогаш не работите доволно напорно. Не е важно што правите. Дали трчате, пливате, па дури и танцувате. Што и да сте одбрале, пулсот мора да ви е 65 до 85 проценти од максимумот и тоа 20 до 30 минути, барем три пати неделно, за да имате придобивки за срцево здравје. Типични вежби се:

Прочитајте и:  Повеќе од 10 часа седење и лежење може да го ослаби срцето

– Трчање
– Одење (минимум 6,5 до 7 километри на час)
– Пливање
– Велосипедизам
– Елиптични вежби
– Јога

Вежби за сила: За мускулите и коските да ви бидат силни, со што ќе се заштите од артритис и остеопороза потребни се вежби за сила. Постојат повеќе опции, но што и да одберете мора да вежбате додека мускулите ви бидат многу заморени на крајот на секоја сесија. За видливи резултати вежбајте 2 до 3 пати неделно 30 до 40 минути. Типични вежби се:

– Вежбање со тегови
– Јога/Пилатес
– Вежбање со отпор

Вежби за флексибилност: За вашето тело да остане флексибилно и подвижно, со што се намалува ризикот од повреди и болката во зглобовите и мускулите, би требаат вежби за флексибилност. Со други зборови, растегнување. Идеално би било да го растегнувете секој мускул после секое вежбање. Типични вежби се:

– Растегнување
– Јога
– Пилатес

Значи, следниот пат кога ќе помислите дека јога пет пати неделно е доволно, размислете што правите со тоа. Дали ви го подига пулсот? Ако не, тогаш потребни ви се аеробик вежби за да го засилите срцето. Трчањето секој ден е одлично за здравјето на срцето, но дали мислите на мускулите? Ако не, тогаш внесете растегнување во вежбањето. И на крај, дали ги владеете теговите, дали имате доволно кардио и растегнување за целосно вежбање? [Yoga vs Running: Which Really Is Better for You?]

- Реклама -