5 митови за зеленчукот

зеленчукНа зеленчуците им се препишуваат многу постигнувања. Тие го прават вашето тело силно и ви помагаат во борбата против многу болести. Но дали сè што научивте во училиште и од баба ви е точно?

На зеленчуците им се препишуваат многу постигнувања. Тие го прават вашето тело силно и ви помагаат во борбата против многу болести. Но дали сè што научивте во училиште и од баба ви е точно?

зеленчукКолку е пожива бојата, толку е поздрав зеленчукот

Многу луѓе мислат дека зеленчуците со пожива и посилна боја имаат поголема хранлива вредност. И во одредени случаи тоа е точно, но постојат голем број исклучоци кои би требало да ги знаете.

Зелката и покрај нејзината светла, речиси бела боја е еден од најхранливите зеленчуци со големи количини на витамини: A, B, C, и K како и калциум, железо и растителни влакна. Карфиолот за споредба е само полн со антиоксиданси. Целерот има протеини и калциум (како и незабележително ниво на калории).

Свежиот е подобар од замрзнатиот или конзервираниот зеленчук

Ако имате градина во која одгледувате зеленчук и овошје можете да ја скокнете оваа точка – плодовите скинати директно од растението се најздравата можна опција. А што е со „свежите“ производи во продавница или на пазар? Епа, како прво, најверојатно има поминато долг пат за да стигне до таму, а долг пат значи време, што пак значи многу од хранливите состојки во производот се веќе изгубени.

Губењето на хранливите состојки во зеленчукот поради транспортот е една од причините поради која бил воведен процесот на замрзнување и конзервирање. Замрзнувањето на грашокот на пример гарантира дека тој ќе имаат иста количина на витамини и минерали кога ќе ги одмрзнете како кога бил запакуван. А поради состојбата во која се наоѓа конзервираниот спанаќ, можно е дури и зголемување на количината на витамини.

зеленчукСпанаќот содржи многу железо (и ќе ве направи силни)

Попај јадеше спанаќ и беше силен. Железото е силно. Според логиката на гледање цртани, овие две работи се тесно поврзани, нели? Погрешно.

Потеклото на овој мит (кој подоцна стана дел од митологијата на Попај) е погрешно поставена децимална точка во германска студија од 1870 година за количината на железо во спанаќот.

Подоцна, попрецизни студии откриле дека спанаќот не содржи многу повеќе железо од сличните зеленчуци, како и дека човечкото тело дури има одредени потешкотии со апсорбција на типот на железо кој е присутен во него.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

„Живиот“ зеленчук е подобар од зготвениот

Ако се отстрани личниот вкус од равенката, не постои голема разлика во хранливоста кај зготвениот и живиот зеленчук. Иако топлината (и влажноста ако варите) присутни при готвењето можат да предизвикаат губење на хранливи состојки кај некои зеленчуци, готвењето исто така може и да ја зголеми количината на други хранливи состојки. Најчесто спомнуваниот пример се доматите кои при готвењето ослободуваат повеќе Ликопин отколку кога се конзумираат живи (ликопинот му помага на телото во борба против болести, како рак на простатата). Исто така, процесот на готвење може да помогне во разградувањето на растителните влакна кај многу зеленчуци, со што вашиот организам полесно ќе ги обработи.

Многу фактори влијаат на која било споредба (типот на зеленчук, колку е свеж, како бил складиран, како бил зготвен итн.) но освен ако не ги запалите, зеленчуците ќе ви дадат добра доза на хранливи состојки без разлика дали ќе ги готвите или не.

зеленчукЈадењето моркови ќе ви го подобри видот

Иако би било одлично ако со јадење на два килограми моркови дневно би добиле моќ да гледаме низ ѕидови и/или да пукаме со ласери како Скот Самерс, вистината е дека морковите нема да ви го подобрат видот. Оваа теориjа настанала поради фактот што морковите содржат бета каротин, кој телото го претвара во витамин А (кој е корисен за видот, коските и кожата). Недостаток на витамин А може да предизвика ноќно слепило (неможноста за гледање при слаба светлина).

Логично, нели? Епа главниот проблем овде е зборот „подобри“. Како и сите други витамини, конзумирањето големи количини витамин А нема да подобри ништо над нормалното ниво за луѓе, туку само ќе ви помогне да го одржите здравјето (во случајов здравјето на вашите рожници), а вашето тело или ќе го складира или ќе се ослободи од вишокот (и двете можат да предизвикаат проблеми).

А ако овој мит беше точен, родителите постојано ќе ве терале да јадете само црн дроб, брокула, путер и спанаќ за да го подобрите видот, бидејќи сите тие се полни со витамин А.

- Реклама -