Видови секс што треба да ги избегнувате

Поентата во сексот е да уживате во него. Причините за сексуален однос се различни, а подоцна може да предизвикаат тага и незадоволство. Прочитајте кои видови секс секоја жена би требало да ги избегнува.

„Не ми е баш до секс“ секс

Тоа е она кога тој инсистира, а вас не ви се прави апсолутно ништо. Се согласувате само за да не го налутите, зар не?

011661bl

„Тажен“ секс

Едноставно не е можно да се чувствувате сексипилно кога сте тажни. Тешко е воопшто да имате секс со некој кога изгледате како пред малку да сте плачеле. Да, се согласивте затоа што се надевавте на подобро расположение. Сепак, тоа не се случи.

sad-black-couple

Секс од забава

Ако сте заљубени и имате секс од забава со своето момче, тука нема ништо лошо. Во друга ситуација тоа не се советува. Не можете секогаш кога ви е досадно, и кога немате момче, да барате забава.

Присилен секс

Не дозволувајте да се најдете во ситуација кога сте по дејство на алкохол воопшто да немате сила да одбиете некој. Не мора повеќе ништо да кажеме освен дека ваквиот секс е погрешен, штетен и нелегален. За жал, крајноста на овој секс претставува силување кога женската волја воопшто не е доведена во прашање.

couple-with-wine-in-bed

Садо-мазо секс

На некои луѓе овој секс им е забавен и им претставува фетиш. Сепак, повеќето не можат да разберат зошто некој би се согласил да биде предмет на насилство, кога поентата е да се ужива во сексот.

cosmo_njemacka_1

Пијан секс

Ќе се согласите дека ова е еден од најлошите видови секс, особено поради лошото чувство кога наутро ќе се разбудите, а воопшто не се сеќавате на сексот. Сепак, долната облека е доволен потсетник дека се случил.

- Реклама -