Научнофантастичната франжиза “Star Wars” ќе го добие првиот геј лик кој ќе се појави во новата игрица. Играта базирана на хит филмовите ќе има и геј планета Макеб, чии жители влегуваат во истополови врски.
Хомосексуалните ликови се појавуваат во “The rise of the hut cartell“, новата експанзија на популарната игра “Star Wars: The old republic”.
Гејмерите ќе имаат прилика да патуваат низ геј планетата, каде што воедно ќе можат да флертуваат со ликовите од игрицата, но и да влегуваат во виртуелни геј врски.
Канадското студио BioWare, што стои зад игрицата, соопштила дека за вклучување на геј ликови во игрицата се одлучила поради големиот притисок на геј фановите.
Меѓутоа, некои геј фанови се незадоволни од начинот на кој што ликовите се облечени во игрицата, тврдејќи дека креаторите направиле своевидно геј гето.