Со здравата исхрана можеме да ја подобриме меморијата. Доколку на менито вметнеме намирници богати со одредени витамини и состојки можеме да ги сочуваме своите ментални способности. Судејќи според Линди Ор од магазинот “Food Technology“, овие шест намирници и состојки можат многу лесно да бидат воведени во нашата секојдневна исхрана за да го спречиме забавувањето на когнитивните функции.
Омега 3 масни киселини
Рибата, а особено лососот, претставува одличен извор на масни киселини кои се поврзани со подобрувањето на когнитивните функции и намалување на депресијата.
Зелен чај
Зелениот чај е ефикасен во подобрување на менталното здравје и процесот на размислување. Ефектите на зелениот чај се резултат на кофеинот што го содржи.
Боровинки
Исхраната богата со боровинки може да ни помогне во зачувување на когнитивните способности. Судејќи според една најнова студија, жените кои конзумираат боровинки имаат значително помал ризик од срцев удар.
Зеленчук богат со магнезиум
Магнезиумот му е потребен на телото за преку 300 биохемиски реакции. Тој воедно ги регулира нервните и менталните функции. Грашокот и гравот се особено богати со магнезиум.
Ореви
Антиоксидансите присутни во оревите го намалуваат ризикот од нервни болести како Алцхајмер.
Чоколадо
Неколку студии покажуваат дека конзумирањето на какао ги подобрува когнитивните функции на мозокот.