Најзелената улица во светот (видео)

Улицата Cermak road во Чикаго е прогласена за најзелена улица во светот. Оваа титула ја доби благодарение на бројните еколошки предности како што се густо зеленило, велосипедски стази, осветлување што работи на енергија од ветер, системи за собирање и користење на дождот за наводнување, билки отпорни на суша и бетон што го “јаде“ смогот.

Градот Чикаго потрошил 14 милиони долари за овој проект, а има за цел да ја намали вкупната потрошувачка за енергија за 42 отсто. Првата фаза од улицата со должина од 3,2 километри е отворена во октомври, минатата година.

Cermak road поминува низ индустриската зона на Чикаго. За финализирање на проектот се очекува да се подобрат пешачките зони, да се зголеми бројот на велосипедски патеки и да се направат нови тротоари со постојано осветлување што ќе се напојува од сончева енергија, а ќе бидат поставени и првите ЛЕД бандери во Чикаго.

[youtube]http://youtu.be/55527rWYdyE[/youtube]

- Реклама -