Ослободете се од големиот стомак

СтомакПонекогаш се случува интензивно да вежбате, а масните наслаги на стомакот наместо да исчезнуваат, да се зголемат. Ова се случува поради некои грешки во режимот на исхрана и навиките за вежбање. Еве некои совети кои ќе ви помогнат да ги поправите нештата.

Понекогаш се случува интензивно да вежбате, а масните наслаги на стомакот наместо да исчезнуваат, да се зголемат. Ова се случува поради некои грешки во режимот на исхрана и навиките за вежбање. Еве некои совети кои ќе ви помогнат да ги поправите нештата.

СтомакНе претерувајте со вежбање

Оние што вежбаат на елиптична справа, стационарен велосипед или лента за трчање, по 1 час дневно или повеќе, може да се најдат во ситуација во која ќе ја покачат телесната тежина, наместо да ја симнат. Тоа се случува зашто откако ќе ги потрошат калориите, се чувствуваат слободни да изедат нешто што претходно знаеле дека не треба. За да се елиминира ваквата појава, треба да почнете да вежбате 2-3 пати неделно, по 15 минути до 1 час кардиоваскуларни вежби, кои задолжително ќе ги искомбинирате со вежби за мускулите на стомакот (стомачни, јога, пилатес) и вежби со тегови за рацете и нозете. Мускулите трошат повеќе калории од масните наслаги за одржување, па оттаму и вашиот метабилозам значително ќе се забрза и стабилизира.

Не престанувајте со умереното вежбање

Ова важи особено за оние кои неодамна ја намалиле телесната тежина. Многу е важно да не се предизвика шок кај телото со ненадеен прекин на физичката активност, што пак ќе резултира со забавување на метаболичката активност и неминовно враќање на вишокот килограми. Бидете физички активни и откако ќе ја намалите тежина, макар и само неколку пати во неделата и резултатите ќе бидат очигледни.

Каснете нешто пред и по вежбањето

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

Ако отидете да вежбате гладни, за време на вежбањето ќе ви снема енергија, ќе дојде до пад на нивото на шеќерот во крвта, што ќе ви даде едно незгодно чувство на зашеметеност и изнемоштеност. Ова чувство е еден од најголемите причинители на неконтролираното прејадување кај луѓето кои вежбаат. Затоа, каснете нешто пред вежбањето (за енергија), како на пр. интегрално чоколатце, парче овошје или напијте се јогурт; но каснете и нешто по вежбањето, заради стабилизирање на нивото на шеќерот во крвта. Но внимавајте – секогаш умерено!

Повеќе помали оброци

Можете да правите и по 1000 стомачни дневно, а да не симнете ни еден милиметар од стомакот. Кога се работи за симнувањето на стомачните масни наслаги, диетата е една од најважните компоненти. Многу е важно да јадете 5 до 6 пати во денот, во помали количини. Тоа ќе му даде на организмот постојан дотур на енергија, ќе го стабилизира метаболизмот и на тој начин наједноставно ќе почнете да се ослободувате од одвишниот дел на стомакот.

Наспијте се

Премалку сон (помалку од 6 часа) или премногу (повеќе од 8 часа) резултира со ослободување на стрес-хормонот кортисол, кој е директно одговорен за таложење масни наслаги на стомакот. Ова се објаснува со тоа што вашето тело складира залихи енергија поради стресот, затоа што очекува итен случај, во кој можеби нема да имате доволно енергија. Стабилизирајте се, за да го стабилизирате и метаболизмот.

Ослободете се од стресот

Фактот што животот е исполнет со стрес не е оправдување само по себе. Потрудете се да најдете начин да се ослободите од него, правејќи нешта што сакате да ги правите. Најдете си некоја релаксирачка активност што засекогаш ќе му каже збогум на кортисолот, а со тоа и на вишокот масни наслаги на стомакот.

- Реклама -