10 Reasons To Exist е работниот наслов на тринаесеттиот албум на ирскиот рок бенд U2.
Групата со месеци работи на новиот албум, а неговото име најверојатно е инспирирано од 36-годишното постоење на бендот.
Фронтменот Боно, кој запре со работа во декември поради грип, рече:
“U2 се враќа во навистина добра кондиција. Го нарекуваме албумот 10 Reasons To Exist, но јас ќе ви кажам дека имаме најмалку шест од нив“.
Боно помина голем дел од минатата година во луксузни патувања со своето семејство. Можеби тоа е една од десетте причини? Тоа и Гинис.