Вакцината која наскоро ќе се појави на американскиот пазар и која е наречена NicVAX го спречува никотинот од цигарите да дојде до мозокот.
Вакцината која наскоро ќе се појави на американскиот пазар и која е наречена NicVAX го спречува никотинот од цигарите да дојде до мозокот.
Имено, кога ќе стигне до мозокот, никотинот создава чувство на задоволство, а со текот на времето и зависност. Според некои истражувања, меѓу луѓето кои ја користеле вакцината двократно се помалку оние кои повторно се вратиле на пушењето после откажувањето на цигарите.
На пазарот се достапни мноштво различни средства за откажување на цигарите, но нивната ефикасност сепак е релативно слаба. Според американските статистики дури 90% од пушачите кои престанале да пушат повторно и се враќаат на оваа навика во наредната година.
NicVAX, инаку, во телото создава антитела кои на себе ги врзуваат молекулите на никотинот, па ги спречуваат преку крвта да допрат до мозокот. Вакцината ја развија компаниите GlaxoSmithKline и Nabi Pharmaceuticals. [Anti-smoking vaccine could soon be available]