Уметноста ќе го прослави 1.000.050. роденден

Светот на 17 јануари го прославува Роденденот на уметноста.

Идејата за Роденден на уметноста ја дал францускиот уметник, член на движењето Флуксус, Роберт Фију во 1963 година, кој изјавил, на свој препознатлив начин, дека “пред милион години немало уметност. Но еден ден, поточно на 17 јануари, уметноста е родена“.

Фију предложил јавен празник за да се прослави присуството на уметноста во нашите животи. Оваа година уметноста го слави својот 1.000.050. роденден.

European Broadcasting Union секоја година на 17 јануари организира четиричасовен директен пренос од 20 до 24 часот во кое учествуваат пред сѐ европски, но и радио станици од други континенти. Преносот се реализира ппреку два сателитски канали, а вкупното траење на еден прилог е 20 минути.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста
- Реклама -