Храна која ќе ве направи среќни

srekna_hranaНе, не станува збор за чоколади и други слатки работи. Ова е храна која  ги има состојките кои ќе ве извлечат од депресија и екпресно ќе ви го подобрат расположението.


Не, не станува збор за чоколади и други слатки работи. Ова е храна која  ги има состојките кои ќе ве извлечат од депресија и екпресно ќе ви го подобрат расположението.

orange-lime-citrus-fruitsПортокал, лимон, грејпфрут
Овие овошки се богати со витамин C кој го намалува нивото на хормонот на стресот. Добра замена за нив е и зелката бидејќи и таа е богата со овој витамин.

Зелен лиснат зеленчук
Кељот, спанаќот и блитвата содржат фолна киселина, која според истражувањата ја намалува депресијата и го подобрува протокот на крв во мозокот. Доколку не јадете ваков вид на зеленчук барем еднаш дневно, тогаш размислете за тоа да земете додаток кој содржи фолна киселина.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Ореви
Главните состојки кои ќе направат да се чувствувате како дете – среќни и безгрижни – е витаминот Е, аминокиселините и магнезиумот. Оревите имаат низок гликемиски индекс, што значи дека не влијаат на нивото на шеќер во крвта, но затоа забележително делуваат на промената на расположението на подобро.

Лосос и скуша
Omega 3 масните киселини кои се наоѓаат во мрсната риба како лососот, скушите и харингите се многу важни за добар метаболизам и позитивен став. Оваа храна веднаш ќе го подобри вашето расположение, а ќе го намали ризикот од депресија, стрес и губиток на памтењето.

Сушени цреши
Калиумот, магнезиумот и витаминот C му помагаат на организмот да се справи со стресот. Сувите цреши го одржуваат мозокот здрав бидејќи содржат антиоксиданси кои го спречуваат оштетувањето на мозочните ќелии.

- Реклама -