5 начини да се ослободите од еден штетен прехранбен производ

Сол Неодамна, во медицинските магазини во светот беше публикувано едно истражување кое вели дека намалувањето на внес на натриум во организмот го намалува ризикот од срцеви заболувања за 25-30%. И никој не вели дека треба потполно да се откажете од солта (зашто и тоа би било штетно), туку едноставно – намалете го нејзиното присуство во вашата исхрана. Следат 5 совети кои ќе ви помогнат да го направите тоа.


Неодамна, во медицинските магазини во светот беше публикувано едно
истражување кое вели дека намалувањето на внес на натриум во организмот
го намалува ризикот од срцеви заболувања за 25-30%. И никој не вели
дека треба потполно да се откажете од солта (зашто и тоа би било
штетно), туку едноставно – намалете го нејзиното присуство во вашата
исхрана. Следат 5 совети кои ќе ви помогнат да го направите тоа.

Храна1. Не ја додавајте, ако не можете да ја вкусите! Кога ставате вода за варење тестенини или компири, не ставајте сол пред водата да зоврие. И онака, најголем дел од вкусот ќе испари во текот на варењето, а вие ќе останете со натриумот во вашиот организам. Додајте ја солта на крајот од готвењето. На тој начин ќе ви биде потребно помалку, а вкусот ќе биде далеку посилен.

2. Употребувајте морска сол!
Во суштина, морската сол има еднакво ниво на натриум колку и кујнската, но на долги патеки, поголема е веројатноста дека ќе употребите помалку сол ако редовно се служите со морската. Во неа, специфичните кристални форми и вкусови потекнуваат од различни извори, така што целото искуство ќе ви го направи поживописно, иако со помалку сол.

3. Подготвувајте си супи и сосови!
Претподготвените супи и сосови (дали во прав или во конзерва) содржат големи количини сол. Ако сте сериозни за намалувањето на солта во вашата исхрана, треба да подготвите малку повеќе време во подготовка на сопствени рецепти, но бидете сигурни – на крајот, ќе се исплати.

4. Внимателно избирајте!
Кога треба да се одлучите дали да купите замрзнат или конзервиран зеленчук, земете го замрзнатиот – зеленчукот во конзерва е обично полн со сол. Дури и ако мора да се купи конзервиран, повторно постои решение – оставете го да откисне во вода – најголемиот дел од солта ќе исчезне.

5. Читајте ги етикетите!
Иако на некој производ ќе прочитате „намалена сол“, сепак, во него може да има дури и повеќе сол отколку во обичната верзија од некоја друга марка на истиот производ. Затоа, барајте ги производите кои имаат околу 140 милиграми сол на 100 грама.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите
- Реклама -