5 трикови за да го зајакнете вашиот мозок

brain152900.jpg Многумина од вас не се грижат за слабеењето на меморијата. Според
новите научни истражувања проблемите со меморијата можат да се појават
и на 20 години. Еве неколку трикови како да го активирате мозокот
почесто и да направите тој да биде фит.


brain15290.jpgМногумина од вас не се грижат за слабеењето на меморијата. Според новите научни истражувања проблемите со меморијата можат да се појават и на 20 години. Еве неколку трикови како да го активирате мозокот почесто и да направите тој да биде фит.

1. ОСТАНЕТЕ АКТИВНИ
Физичката активност може да го зголеми вашиот хипокампус – регион на мозокот поврзан со долготрајното помнење. Сè што ви ја придвижува крвта е одлично, но сепак џогирањето и пливањето се смета дека обезбедуваат најдобри резултати за мозокот.

2. ЈАДЕТЕ ПАМЕТНО
Што е добро за вашето срце добро е и за мозокот. Во вашата диета внесете повеќе храна богата со антиоксиданси(овошје со изразита боја и зеленчук), плус омега-3 масни киселини од риба и маслиново масло.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

3. ОРГАНИЗИРАЈТЕ СЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЈТЕ
Ако сакате да запомните повеќе работи, организирајте ги во групи. Асоцирајте ги работите со нешто што вам ви е познато. Визуелизирајте за она што би сакале да го направите во иднина.

4. НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ
Иако технологијата може да ве остави ментално исцрпени, таа може и да го ослободи вашиот мозок од непотребни работи кои заземаат меморија, како телефонски броеви, родендени и сл. (запаметете ги само најважните!)

5. ИГРАЈТЕ И РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ
Спротивно на она што вели вашата мајка, видео игрите нема да ви го расипат мозокот. Некои загатки како судоку може да помогнат во неговото зајакнување и тренирање. Одморот пак, го намалува нивото на стрес, што може да резултира со зголемена мозочна активност.

- Реклама -