Супермодели без шминка

Синди Крафорд Во деведесеттите, групата манекенки кои беа означени како супермодели беа главни во модниот свет. Или сте посакувале да сте како нив или сте ги посакувале. Ретко кој остана рамнодушен. Сега, откако „нивното помина“, тие започнаа кампања против несоодветната грижа за кожата од страна на жените и претераното користење шминка. Погледнете како изгледаат овие убавици на, веќе 40 годишна возраст, без нанесена шминка.


Во деведесеттите, групата манекенки кои беа означени како супермодели
беа главни во модниот свет. Или сте посакувале да сте како нив или сте
ги посакувале. Ретко кој остана рамнодушен. Сега, откако „нивното
помина“, тие започнаа кампања против несоодветната грижа за кожата од
страна на жените и претераното користење шминка. Погледнете како
изгледаат овие убавици на, веќе 40 годишна возраст, без нанесена шминка.

Кристен МекМенами

Кристен МекМенами

Во 1995 година, еден месец откако за првпат стана мајка, оваа манекенка се појави со фотографии во точно пет едиторијали во модното списание „Базар“. Денес, со 44 години и 4 деца, таа сè уште е присутна на модните писти.

Нејзин совет за грижа на кожата: Навлажнувајте ја кожата секогаш кога ќе стане сува и рапава. Производите за хидратација се есенцијални за одржувањето младешки изглед.

Синди Крафорд



Синди Крафорд

Синди Крафорд зад себе има ужасно богата кариера. Безброј пати се појавила на модни ревии, има илјадници насловни страници, беше фотомодел, актерка, водителка и што уште не. Денес, има 43 години и неколку трикови за убавина во ракавот.

Нејзин совет за грижа на кожата: „Жените забораваат да се грижат за деколтеата, а таму, староста најмногу се познава“ вели таа. Крафорд се грижи за деколтето и тенот со креми за заштита од сонцето.

Амбер Валета


Амбер Валета

Најголемата промена во животот на Валета не е преминот од манекенство во актерство. За неа, најголем стрес предизвикува фактот што телото различно ѝ реагира на козметички производи откако преминала 35 годишна возраст и родила дете.

Нејзин совет за грижа на кожата: Амбер живее во Калифорнија, место кое постојано има висок UV индекс. Затоа, таа препорачува носење заштитни креми (или млека) дури и кога е облачно.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Надја Оерман


Надја Оерман

Во 1993, германската манекенка стана сензација со платинестите плетенки и нозете кои изгледаа како да немаат крај. Денес, таа има 38 години.

Нејзин совет за грижа на кожата: Филозофијата на Надја е дека жените изгледаат најдобро кога немаат шминка на себе. Кога треба да се употреби шминка, најдобро е таа да се концентрира на делот кој сакате да го истакнете, како очите или усните.

Шалом Харлоу


Шалом Харлоу

Шалом Харлоу има 35 години, но и натаму работи на некои од најголемите кампањи во светот, вклучително и за козметичката линија на Шанел.

Нејзин совет за грижа на кожата: „Обожувам да нанесувам маски од јогурт и белки од јајца на лицето. Нема ништо поосвежувачко за кожата“.

Клаудија Шифер


Клаудија Шифер

Клаудија стана заштитно лице на повеќе компании пред точно 20 години. Денес, таа и натаму работи на повеќе рекламни кампањи и изгледа како да нема намера да забави. Попатно, 39 годишната манекенка изгради и пристојна актерска кариера.

Нејзин совет за грижа на кожата: „Она што го јадам има најголем ефект врз кожата. Ако јадам нешто потешко, како слатки или млечни производи, тогаш се случува да се исфрлам. Откако престанав да јадам млечни производи, кожата ми изгледа поубаво“.

Хелена Кристенсен


Хелена Кристенсен

Данката, која веќе наполни 40 години, се прослави пред објективот, но во последно време повеќе време минува зад него. Таа стана моден фотограф и веќе работи на неколку кампањи.

Нејзин совет за грижа на кожата: Кристенсен препорачува користење маски за лице, зашто истите ја освежуваат и затегаат кожата.

Татјана Патиц


Татјана Патиц

Поминаа речиси 2 децении од моментот кога долгоногата Германка „пееше“ на спотот за песната "Freedom" од Џорџ Мајкл. Оттогаш, таа стана фантазија на многумина. Денес, има 43 години и сè уште има младешки изглед.

Нејзин совет за грижа на кожата: Татјана вели дека верува во пристојно стареење. Нема ништо против апаратите за затегање на кожата, но е жесток противник на инјекциите, зашто вели дека никогаш не знаете што ќе ви сторат на долги патеки.

- Реклама -