4 видови храна кои го убиваат гладот

Бадеми На диета сте и нештата одат токму според зацртаниот план. Но, одеднаш се случува да ве нападне нескротлив глад. Наместо сета претходна мака да ја фрлите во вода и да започнете одново „од утре“, можеби треба да се обидете да грицнете малку од овие 4 видови храна кои загарантирано ќе ви го убијат гладот и нема да ви направат голема штета на диетата.


На диета сте и нештата одат токму според зацртаниот план. Но, одеднаш
се случува да ве нападне нескротлив глад. Наместо сета претходна мака
да ја фрлите во вода и да започнете одново „од утре“, можеби треба да
се обидете да грицнете малку од овие 4 видови храна кои загарантирано
ќе ви го убијат гладот и нема да ви направат голема штета на диетата:

Јајца1. Јајца

Јајцата се извор на протеини (околу 6 грама во секое) кои пак се
одлични ублажувачи на глад. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето
кои биле на диета и за појадок јаделе по 2 јајца, најмалку 5 дена во
неделата, загубиле околу 65% повеќе тежина и дури 83% повеќе го
намалиле обемот на струкот од оние што воопшто не конзумирале јајца.
Доколку не ги поднесувате, одлична замена за нив е нискомасниот јогурт.

Бадеми2. Бадеми

Бадемите се полни со монозаситени масни киселини кои се исклучително
корисни за вас и ќе ви го отстранат гладот најмалку неколку часа. Во
веќе споменатата студија, било заклучено оти во диетарен период од 6
месеци, оние што користеле бадеми за да го убијат гладот изгубиле 63%
повеќе килограми, 50% повеќе телесни масти и 55% повеќе го намалиле
обемот на струкот отколку оние што биле на диета базирана на
јаглехидрати. Само, внимателно, бадемите се калорични. Ограничете ги
порциите на не повеќе од 30 грама (од 25-30 парчиња) кои ќе ви донесат
околу 170 калории.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Авокадо3. Авокадо

Неколку кришки авокадо попрскани со сок од лимон се одлични за скротување на гладот, а од друга страна се полни со хранливи материи, вклучително и монозаситени масти, витамини и минерали, калиум и сл. Не, авокадото не доаѓа без своите калории, но неколку кришки нема да ви додадат повеќе од 75-100 калории, а секој сендвич со тие кришки ќе ве направи како да сте изеле обилен ручек.

Јаболко4. Јаболко

На сите ни се јасни здравствените придобивки од редовното јадење јаболка. Но, кога станува збор за намалување на телесната тежина, истражувањата покажаа оти оние што изеле по едно јаболко пред секој оброк во текот на нивната диета, намалиле дури 40% повеќе од тежината, отколку оние кои не јаделе јаболка. Патем, јаболката се вкусни, крцкави и можете да ги носите секаде со себе. Дополнително, имаат ниска калорична вредност – околу 65 калории по јаболко со средна големина.

- Реклама -