5 совети за подобра исхрана кај мажите

Исхрана Здравата исхрана е важна, не само поради тоа што истата ќе ви овозможи полесно да изгледате онака како што сакате, туку и заради тоа што значително ќе ви ја подобри здравствената слика. Но, мажите понекогаш мислат оти тоа не важи за нив и можат да јадат што сакаат и колку сакаат. Еве 5 совети што ќе ви помогнат да ги исправите најчестите 5 грешки во машката исхрана.


Здравата исхрана е важна, не само поради тоа што истата ќе ви овозможи
полесно да изгледате онака како што сакате, туку и заради тоа што
значително ќе ви ја подобри здравствената слика. Но, мажите понекогаш
мислат оти тоа не важи за нив и можат да јадат што сакаат и колку
сакаат. Еве 5 совети што ќе ви помогнат да ги исправите најчестите 5
грешки во машката исхрана.

Хамбургер?1. Кога се работи за храна, големината е важна! Една просечна кифла или ѓеврек се еднакви на 6 парчиња леб, парче месо од 400 грама содржи 4 порции протеини, а хамбургерот не е само ужинка помеѓу оброци. Големината на порциите е најголемиот проблем во машката исхрана. Ако научите да се контролирате, потоа сите останати нешта лесно ќе дојдат.

2. Кечапот не е зеленчук!
Кечапот и останатите преливи (мајонез) и сосови содржат многу калории, шеќер и во суштина, можат да бидат вашите најголеми непријатели во исхраната.

3. Помфритот исто така не е зеленчук!
Компирите (особено пржените), грав, пченка и сл., иако се зеленчуци според класификацијата, не значи дека се добри за вас. Тие се полни со јаглехидрати. Држете се до зеленчуците кои се добри за вас (притоа, не им додавајте преливи или сосови).

4. Оставајте ја вилушката додека џвакате.
Еден од најголемите непријатели на мажите е нивната навика да не ја џвакаат храната доволно, т.е. да јадат брзо. Она што може да ви помогне е доколку помеѓу залаците ја оставате вилушката на масата. Тоа ќе ве потсетува дека треба добро да ја изџвакате храната.

5. Само затоа што течноста е бистра, не значи дека е вода!
Вотка, текила, бел рум, бело вино и уште едно чудо алкохолни пијалоци се полни со калории и уште едно чудо штетни материи. Тоа значи дека правилото кое вели дека треба да конзумирате околу 8 чаши вода дневно не вклучува ниту еден од овие пијалоци. Алкохолот ги има сите спротивни ефекти од водата и затоа треба да се одбегнува кога се обидувате да се храните здраво.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања
- Реклама -