Евтиниот iPhone ќе чини од 99 до 149 долари?

Apple шпекулираат дека евтиниот iPhone ќе чини некаде од 99 до 149 долари.
Уредот, кој најрано би требало да се појави кон крајот на 2013 година, е дел од напорите да се привлечат повеќе корисници од пазарите во развој. Apple особено ја има на око Кина.

Минатиот декември, извршниот директор Tim Cook изјави дека Кина е многу важен пазар за Apple. Во тоа време, компанијата продаде повеќе од 2 милиони Ајфони во Кина, поставувајќи рекорд за надобра продажба во првиот викенд во земјата.

Верзијата на Ајфон за пониска цена исто така ќе им помогне на Apple да се натпреваруваат со Андроид телефоните на Google, кои се достапни во повеќе цени.
Како еден од поскапите паметни телефони на пазарот, iPhone 5 започнува со цена од 199 долари со 16 GB меморија и двегодишен договор. Исто така, има модели со 32 GB и 64 GB достапни за 299, односно 399 долари.

Во однос на постарите модели, Apple сега го нуди Ајфонот 4 со 8 GB меморија бесплатно, додека iPhone 4S со 16 GB меморија е 99 долари (и двата со договор од по две години).

Компанијата работи на телефонот со прифатлива цена најмалку од февруари 2011 година. Некои извори објавија дека поевтиниот Ајфон ќе изгледа како стандардниот Ајфон 5, но направен со поевтини материјали. Алуминиумската школка ќе биде заменета со поликарбонат, а за останатиот дел од телефонот ќе се искористат оние делови наменети за постарите Ајфони.

- Реклама -