USB тест за бременост

Повеќе... Да или не, една црта или две… тестовите за бременост по природа се бинарни, но на овој има неколку екстра корисни информации…


Да или не, една црта или две… тестовите за бременост по природа се
бинарни, но на овој има неколку екстра корисни информации…

p-teq.jpg

Процесот започнува како што е вообичаено во такви случаеви, но сè е поразлично после тој прв чекор во wc-то. Отстранете го капачето од другата страна и ќе откриете USB приклучок. Ставете го во компјутерот и започнува процес на јонизација кој резултира со анализа на вашата урина.

p-teq_embed.jpg 

Уриноанализа? Да, софтверот кој доаѓа со тестерот, ќе ви го покаже резултатот за она за што сте најнестрпливи да го дознаете, плус анализа на вашиот хормонски статус и плодни денови (доколку тестот е негативен). Дополнително, LCD дисплејот на тестерот ќе се осветли и во зависност од резултатите ќе покаже бебе, нема бебе или „време е за бебе“ симбол. ThinkGeek.

Априлилили? Токму така 🙂

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

- Реклама -