Водете љубов и ќе бидете поубави

Повеќе...

Сигурно многу пати сте слушнале или сте прочитале дека истражувања покажале и докажале дека сексот делува како антидепресив, го намалува стресот, опушта и позитивно влијае на изгледот на кожата. Но, да повториме, освен тоа редовниот секс го намалува ризикот од срцеви болести, ги зајакнува мускулите, ја поттикнува циркулацијата, произведува чувство на среќа. И сега ајде кажете дека ве боли главата…

Еве што уште стручњаците велат за тоа како сексот делува на нашето тело:
ultimate-sex-guide-for-newlyweds-af.jpgНамален стрес и депресија
За време на секс се ослободува ендорфин – хормонот за среќа кој го намалува стресот и создава чувство на еуфорија. Сексот ја зацврстува врската помеѓу партнерите, влијае на самодовербата, позитивното размислување и оптимизмот. Една студија потврдила дека спермата делува како антидепресив. Всушност, жените кои имале односи без кондом покажале помалку знаци на депресија од оние кои користеле заштита. Интересно е што сексот на чувството за среќа влијае повеќе и од парите. 
Здраво срце
Во текот на целиот однос пулсот се забрзува од 70 отчукувања во минута па се дури до 150. Сексот е извонреден тренинг за срцето. Доколку би имале односи три пати неделно го намалувате ризикот од срцев удар дури до 50%. За време на сексот телото добива и повеќе кислород заради длабоките вдишувања. 
Помала е болката
Непосредно пред да се достигне врвот, нивото на хормонот окситоцин се зголемува пет пати, што доведува до ослободување на се повеќе ендорфин. Болките како главоболка, артритис, мигрена се смируваат. Мигрената се намалува заради намалениот притисок во главата. Па, во текот на половиот однос се зголемува протокот на крв во мозокот кој носи големо количество на кислород и ги буди заспаните неврони. 
Чиста кожа
Женското тело за време на секс го удвојува производството на естроген кој ја поттикнува синтезата на колагенот. Резултатот е помека кожа и посјајна коса. Потењето ги чисти порите што исто така ја прави кожата сјајна и спречува настанување на дерматитис. 
Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини
Подолг живот
Американски стручњаци од клиниката "Мајо" дошле до занимливи резултати. Имено, според нивните сознанија, сексот може да го продолжи животот до 10, па и до 12 години. Докажано е дека сексуално помалку активните луѓе умираат порано. И едно друго истражување го потврдува истиот резултат. Кај луѓето на иста возраст и слично здравствена состојба се покажало дека кај оние кои имаат почести оргазми имаат два пати помала смртност од оние кои оргазам доживуваат секоја престапна година. Честите оргазми го продолжуваат животниот век за 3 до 8 години и смртноста ја намалуваат за 50%. Покрај уживањето, редовниот секс ја убива депресијата и ве прави поубави. 
Рамнотежа на сексуалните хормони
Значи се зголемува нивото на естроген и тестостерон. Естрогенот кај жените го штити срцето, а штити и од Алцхајмерова болест и остеопороза. 
Здрав имунитет
Повеќе сексуална активност – помалку настинки, грип и зарази, затоа што еден до два односи неделно го зголемуваат бројот на антитела за 30%. 
Поголема атрактивност
Сексуалната активност го стимулира телото да го зајакнува лачењето на феромон – состојката го привлекува спротивниот пол. Освен тоа, сексот благотворно делува на самоконтролата и самодовербата, кои допринесуваат за вашата поголема привлечност и посакуваност. 
Сексот во менопауза
Е доста битен, затоа што жените во тој период губат естроген – женскиот хормон кој е клучен за уживањето во половиот однос. Единствен начин да се стопира тој губиток е водењето љубов најмалку еднаш неделно. Еден професор од Британското здружение за срце предупредува да не се наседнува на лагите дека водењето љубов е причина за срцев удар. Сексот е врста на вежби кои го зајакнуваат срцевиот мускул и ја подобруваат циркулацијата. 
- Реклама -