Нов модел: Honda MSX125

Хонда го претстави новиот модел MSX125 со кој сака да и се приближи на младата публика. Спортскиот изглед но, истовремено и малите димензии ќе ги освојуваат тинејџетите за кои ова треба да биде прв мотоцикл.

Агрегатот е позајмен од популарниот „Wave“ но останатите делови се зачудувачки, како што се „upside-down“ вилушките кои ги нема ни на новите модели NC500, NC700. Четворотактниот мотор со еден цилиндар и зафатнина од 125цц, развива 9кс, а просечната потрошувачка на 100км е помала од 2 литри!

Иако е навистина мал по габарит (колку за споредба тркалата се со димензии од 12 инчи), дизајнерите предвиделе место и за сопатник, а цената во Македонија за новиот модел ќе се движи околу 5.000 евра.

honda-msx125-4

honda-msx125-3

 

honda-msx125-2

- Реклама -