10 јадења за после секс

Кога планирате возбудлив физички контакт, знаете која храна да ја избегнувате. Грав, бурито и слични зачинети и тешки јадења најчесто не се на менито дента, бидејќи не се симбол за добра забава во двојка.
Што би било идеалното пост-секс јадење? Нешто сензуално што ќе поделите со вашиот љубовник за брзо да си ја повратите силата за продолжението на веселите игри?

Парче пица

Ако заминувате веднаш по што си ги задоволивте вашите ниски страсти, зошто не би отишле до крај со задоволувањето? Заситете се со пар непотребни калории, ништо не ја заокружува брзата забава за една ноќ како парче пица.

Тестенини во сос

Ако веќе сте се виделе голи, што уште имате да сокриете еден од друг? Однесете ја врската на едно ново ниво така што ќе поделите чинија полна вкусна храна, како тестенини. Додека ги „ловите“ тестенините наоколу со отворена уста, со бешамел сос по брадата, со мирна душа бидете сигурни дека меѓу вас повеќе нема тајни.

Лажица путер од кикирики или некој сличен сладок намаз

Сакате да делувате природно витко со апетит на птица? Додека партнерот е во бањата, почестете се со лажица полна путер од кикирики или нутела! Ќе ви се врати енергијата за дополнителни активности.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Јајца

Освен хранливост, даваат толку можности за шеги на сметка на оплодување…

Овесна каша

Честитаме, денот ви започна со секс. Сега уште за доручек земете хранлив оброк и можете да тргнете на работа чувствувајќи се целосно супериорно во однос на сите останати!

Било што од брза достава, особено ако не морате да зборувате за да нарачате

Уште да истемпирате да ви стигне храната додека правите пауза, на пример, за до тоалет. Некогаш овие модерни времиња се одлични!

Банана или било каква храна со банана

Дозата калиум од бананата ќе ги спречи грчевите во нозете или било каде на друго место… Освен тоа… банана. Ви текнува?! Банана!

Сендвич

Доколку се уште не сте научиле како сендвич на направите во текот на самиот чин на водење љубов, тогаш задолжително почестете се со еден после тоа.

Палачинки

Вака Ryan Gosling си ја враќа енергијата по сексот. Доволна причина и за мажите и за жените.

Грав, бурито и слични јадења кои сте ги избегнувале претходно

Веќе го направивте она што сте го наумиле, па можете да уживате во какво било јадење!

SexHelpDiet_m_1008

- Реклама -