Дебелината може да биде предизвикана од вирус

Повеќе... Дебелината може да биде заразна и да се пренесува преку кашлање, кивање и валкани раце, тврдат американски научници.


obesity_surgery.preview.jpgДебелината може да биде заразна и да се пренесува преку кашлање, кивање и валкани раце, тврдат американски научници.

Според нив дебелината може да биде предизвикана од вирус кој го напаѓа  ткивото што предизвикува негово мултиплицирање. Вирусот оди најпрво во белите дробови и се шири до другите органи како црниот дроб, бубрезите и мозокот. Кога вирусот ќе го нападне ткивото, прави повеќе копии од него и со овој процес се зголемува бројот на новите масни клетки.

Професорот Nikhil Dhurandhar од Биомедицинскиот истражувачки центар Пенингтон во Луизијана тврди дека во испитувањата кои ги направил се покажало дека една третина од возрасните со прекумерна тежина се носители на овој вирус. Tестовите направeни  врз глувци и кокошки покажале дека кај оние животни што биле носители на вирусот наречен AD-36 тежината се зголемила побрзо отколку кај другите и тоа без разлика на количината и видот на храната што ја јаделе.

Dhurandhar изјави дека инфицираните луѓе се преносители на заразата до три месеци, но и дека луѓето што се дебели можат да бидат такви од различни причини и дека не мора да значи дека се носители на оваа инфекција, па затоа е бесмислено да се избегнуваат.

- Реклама -