Ако мачките се вашите омилени домашни животни, дали некогаш сте го фатиле вашето маче како искрадува љубоморни погледи до лаптопот? Се прашувате зошто постојано оди низ целата тастатура?
Се чини дека не сакаат да го добијат вашето внимание, ниту, пак, да се склопчат во вашиот скут. Тие само сакаат да се тргнете од Фејсбук за да дојде нивниот ред.
Да, ова е шега, но најпаметните миленичиња веќе некое време се подготвени за своја социјална мрежа. И сега, благодарејќи на неколку програмери во Малезија, можеби оваа желба ќе стане реалност.
Сајтот се вика Catmoji, идеја на Matthew Phiong и Koekoe Loo Wan Koe. Тие изјавија дека сакаат да бидат Фејсбук за мачки. Но Фејсбук не е единствената социјална мрежа на која ќе помислите кога ќе го видите дизајнот.
Секако, кога сте љубител на мачки, сајт базиран на фотографии и видеа има смисла, зашто ги нема оние досадни текстови кои заморуваат. Со оглед на меѓународната љубов кон мачките и лошиот англиски на основачите на Catmoji, ова е најдобрата варијанта.
Веб-страницата нуди и опции за тагнување на фотографиите со мачки и филтри според нивните емоции.
Catmoji беше лансиран на Божиќ, така што засега нема имресивен број на корисници. Но, со оглед на очигледната страст за овие животни на основачите, можен е значителен раст на корисници. [Banish your cat lady friends to Catmoji, a social network just for cat pics]