Се враќа култната серија Twin Peaks?

Дејвид Линч во последно време интензивно преговара со NBC околу новите продолженија на Twin Peaks.

Линч сака серијалот да биде многу близок до оригиналот, а повратничката сезона би требало да оживее некои сцени од првата сезона.

Twin Peaks е американска телевизиска серија која почна да се прикажува во САД на 8 април 1990 година, а со емитување заврши на 10 јули 1991 година. Снимени се вкупно 30 епизоди, од кои првите осум (вклучувајќи ја и пилот-епизодата), се дел од првата сезона, а останатите 22 се втората сезона од серијата.

На почеток била замислена како мини-серија со осум продолженија, но поради екстремната популарност и огромната гледаност, продолжена е и со втора сезона со 22 епизоди. Креатори на Twin Peaks се Дејвид Линч и Марк Фрост, а денеска се смета за една од најкултните и најпознатите телевизиски серии до сега снимени.

Поради огромната популарност на почетокот на емитувањето на серијата, речиси станала дел од поп-културата, а многу референци за неа можат да се најдат во стрипови, видеоигри, филмови и песни. Една цела епизода од, исто така, особено популарната серија „Живот на север“ од тоа време, е снимена во манир на Twin Peaks.

Во текот на втората сезона гледаноста започна драстично да опаѓа, што доведе до нејзино укинување по само 30 снимени и прикажани епизоди. [Twin Peaks Season 3 Is Being Rumored]

[youtube]i7d0Lm_31BE[/youtube]

- Реклама -