Стар рецепт за подобро памтење

Повеќе... Летото е период кога повеќе мислиме на одмор, а помалку на обврските. Вниманието на младите најмногу е насочено кон забавните содржини, кои преку лето ги има многу, а покрај таквите предизвици за студентите кои треба да го поминат летото над книга тоа воопшто не е лесно. Но, летото одамна заврши, продолжува школската година…


recept.jpg

Летото е период кога повеќе мислиме на одмор, а помалку на обврските. Вниманието на младите најмногу е насочено кон забавните содржини, кои преку лето ги има многу, а покрај таквите предизвици за студентите кои треба да го поминат летото над книга тоа воопшто не е лесно. Но, летото одамна заврши, продолжува школската година.

Иако студентите применуваат разни начини како да ја подобрат концентрацијата, сепак најсигурно им е да почнат со правилна исхрана, а ако е потребно и со проверените фармацевтски решенија.

Токму таков пример е билката [[Rhodiola_rosea]], а се наоѓа во "мемоактивните" капсули. Rhodiola rosea или "златен корен" им е одамна позната на скандинавските народи и Русија како средство за подобрување на психофизичката способност. Генерации научници го  истражувале нејзиното дејство, а во бившиот Советски Сојуз астонаутите, олимписките шампиони, па дури и самиот државен врв ја користелe оваа билка како потпора за ментална и физичка издржливост. Последниве години и на Запад се објавени истражувања за Rhodioli, кои покажале запазено подобрување на интелектуалната делотворност кај студентите на испит и кај лекарите во ноќните смени. При истражувањето потврдена е уште една важна особина, а тоа е дека го "тренира" нашиот организам спремно да реагира на стресните фактори со што последиците од стресот значително се ублажуваат. Ваквото дејство за студентите е доста корисно, затоа што и при најдобра подготвеност, сѐ може да пропадне во вода доколку не се совладаат стравот и тремата, затоа што со нив не се користи оној прав начин на презентирање на знаењето.

Истражувањата покажале дека оние деца кои пијат повеќе течности имаат подобра концентрација, полесно запомнуваат нови информации и помалку се жалат од главоболка.

Совет: Додека учите, имајте пред себе шишенце со вода и исфрлете ги напитоците кои содржат шеќер затоа што од нив нагло паѓа нивото на енергија. Не навикнувајте се премногу на кофеин, чаеви или кока кола, посебно ако учите ноќе, затоа што од кофеинот наредниот ден ќе се чувствувате исрпени.

- Реклама -