Зошто цвеќињата се подобри од кафе наутро

Повеќе... За оние денови кога ама баш не ви се станува од кревет и го мразите сиот свет а за баксуз песната која ептен ве нервира не престанува да ви се вртка во главата…

За оние денови кога ама баш не ви се станува од кревет и го мразите сиот свет и за баксуз песната која ептен ве нервира не престанува да ви се вртка во главата…

За среќа, група на истражувачи од Харвард се позанимаваа и со овој проблем и имаат решение за вас.

s640x480.jpg1.Ставете букет со цвеќиња покрај креветот
Една бихејвиористичка студија покажала дека оние кои себеси не се сметаат за тип на „утрински луѓе“ се чувствуваат посреќни и со повеќе енергија ако првото нешто што ќе го видат кога ќе ги отворат очите наутро се цвеќиња.

Ваквото будење пак од друга страна прави да се чувствувате попозитивно во текот на целиот ден.
Друга студија во таа серија истражувања покажала дека цвеќињата дома прават луѓето да се чувствуваат помалку напнати и со поголемо разбирање за другите. 

2.Песната што ве прогонува
Вашиот мозок е виновен за тоа. Мал „застој“ во вашиот аудитивен центар прави хитот на радио што ве нервира да се врти и врти во вашата глава до бескрај.

Има два начини да го откачите:
1.Ислушајте ја песната од почеток до крај уште еднаш
2.Повежбајте малку математика

- Реклама -