Првиот Alpine на пазарот до 2015 година

Првиот спортски автомобил од преродениот бренд Alpine, развиен заеднички од Renault и Caterham, ќе се појави на пазарот во 2015 година, вели шефот на маркетинг на Renault, Стефан Норман.

Според Норман идниот модел ќе биде развиен од нула, а ќе им конкурира на верзиите на Audi TT и Porsche Boxster. Во палетата на мотори ќе влезе 2.0 литарски мотор на Renault со моќност од 250 КЅ.

Renault-Alpine_A_110-50_Concept_2012_1280x960_wallpaper_1d

Renault и Caterham потпишаа договор за соработка на 5 ноември, а ќе произведуваат и заеднички машини во фабриката на француската компанија во Диеп. Првиот прототип беше прикажан во мај 2012 година, а тој е изграден врз основа на Renault Megane Trophy. Машината располага со 3.5-литарски шестцилиндерски мотор на бензин со моќност од 400 КЅ.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -