Жените што носат високи потпетици се поатрактивни

Ако предновогодишните забави ви предизвикаа болки во стапалата од повеќечасовното танцување во високи поптетици и размислувате новата година да ја дочекате во ниски чевли, размислете повторно.

Истражувачите на Универзитетот во Портсмут велат дека жените изгледаат поатрактивно во чевли со високи потпетици. Во своето истражување тие снимиле неколку жени како одат на рамни и на чевли со потпетици, а на снимките биле прикажани само телата на жените, без нивните лица.

Учествувале жени на 20-годишна возраст кои имаат неколку пара високи потпетици што ги носат барем еднаш неделно, но и жени што никогаш не носат чевли со потпетици. Жените биле снимени додека оделе со високи и со рамни чевли, а потоа снимката била прикажана пред поголема група мажи.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Откако мажите ја погледнале првата група жени, рекле дека сите им се многу атрактивни. Меѓутоа, додека ја гледале втората група жени што пешачеле на рамни чевли, прашале дали меѓу нив има и мажи.

Научниците заклучиле дека жените поинаку се движат кога носат високи потпетици, бидејќи стануваат поженствени, чекорат со пократки чекори и поинтензивно ги движат колковите. [Wearing heels can make you more attractive]

- Реклама -