Ашли Морис има 19 години, живее во Мелбурн, Австралија, и некои од
наједноставните секојдневни потреби и се најголема тешкотија. Таа е
алергична на вода, или поточно, нејзината кожа е алергична на допирот
од вода. Алергијата се појавила кога таа имала 14 години и била
лекувана со пеницилин, кој ја оставил со оваа алергија.
Ашли Морис има 19 години, живее во Мелбурн, Австралија, и некои од
наједноставните секојдневни потреби и се најголема тешкотија. Таа е
алергична на вода, или поточно, нејзината кожа е алергична на допирот
од вода. Алергијата се појавила кога таа имала 14 години и била
лекувана со пеницилин, кој ја оставил со оваа алергија, која ја открила
додека пливала еден ден.
Кога Ашли ќе дојде во контакт со вода, таа и предизвикува црвенила и болка. Секако Ашли мора да се мие и бања редовно, но тоа е измачување. Црвенилата поминуваат дури после 2 часа, кои таа ги поминува дома после секое бањање – тоа ја поштедува од незгодните прашања на луѓето околу неа. Исто така таа не смее да се изложува на големи физички напори затоа што би се испотила и би добила алергична реакција.
Кога прв пат ја добила алергијата Ашли била многу погодена и поминало некое време пред таа да престане да плаче поради тоа и да се соочи со својата болест. Нејзиното семејство и момчето, Адам (23) со кој се во врска веќе 3 години и се секојдневна поддршка, но нејзината болест ги прави и интимните моменти со Адам доста тешки. Тие мора да спијат со чаршаф помеѓу себе, а Ашли неможе да го допре Адам ако е тој испотен.
За болеста на Ашли сеуште нема лек, а на дерматолозите кои работат на случајот им е тешко да пронајдат лек поради тоа што во целиот свет има само неколку случаи со алергија на вода. На Ашли и останува да продолжи со својот живот и да го избегнува допирот со вода како што таа знае најдобро, и да се надеваме дека еден ден ќе биде откриен лек за оваа болест.