Кај нас не е вообичаено да се прави пунч од јајца, пијалaк кој се популаризираше преку американските филмови каде сме виделе дека Божиќ без пунч е незамислив.
Бидејќи е мошне едноставен за приготвување, препорачуваме да ја искористите оваа пригода и да го пробате овој пијалак за кој се верува дека во себе го содржи вкусот на Божиќ.
Потребно ви е:
4 жолчки
1/3 чаши (од 2,5 децилитри) шеќер
600 милилитри масно млеко
2,5 децилитри слатка павлака
100 милилитри бурбон
1 лажица свежо изрендано мускатно оревче
4 белки
Во сад со миксер измешајте ги белките додека не добијат светла боја. Постепено додајте 1/3 од чашата со шеќер и мешајте ја смесата додека шеќерот целосно не се стопи. Додајте го млекото, благата павлака, бурбонот, оревчето и мешајте додека смесата не се соедини.
Жолчките измешајте ги во посебен сад. Мешајте додека не добиете пена, а миксерот нека работи на најслаба брзина. Додајте една лажица шеќер. Мешајте додека повторно не се добие пената.
Белките измешајте ги со смесата во другиот сад. Оладете и сервирајте, по желба со шлаг на врвот и малку цимет.