Канаѓанката Stacey Gayle и нејзините доктори билe изненадени кога откриле дека тешката форма на епилепсија од која патела со години е предизвикана од музиката на нејзиниот омилен хип-хоп пејач Sean Paul.
Канаѓанката Stacey Gayle и нејзините доктори била изненадени кога откриле дека тешката форма на епилепсија од која патела со години е предизвикана од музиката на нејзиниот омилен хип-хоп пејач Sean Paul.
Долго време Gayle се обидувала со медикаменти да ги елиминира епилептичните напади, но нејзината состојба се влошила толку многу што таа морала да ја напушти работата во банка, како и црковниот хор во кој пеела.
Осумнаесет месеци пред да ја направи операцијата со која успеала да се излечи, Gayle почнала да се сомнева дека музиката на Sean Paul е вистинската причина за нејзините напади. Таа се сетила дека во една прилика, додека правела скара со своите пријатели, ја чула музиката на раперот и веднаш потоа колабирала. Тој настан и помогнал да се сети и на други напади кои биле поврзани со неговите песни. Конечно, сомнежите биле потврдени кога при една посета на медицинскиот центар во Long Island им ја пуштила музиката на Sean Paul на своите доктори, а веднаш потоа следеле три епилептични напади.
Откако ја детерминирале причината за нејзината болест, докторите извршиле операција која поминала успешно, а оттогаш таа немала ниту еден напад.
„Го живеам секој ден како да ми е последен. Сакам да им покажам на другите дека животот не завршува заради епилепсијата. Знам дека имам се што ми е потребно за да успеам“, изјавила Gayle, која сега на раат може да ја слуша својата омилена музика. Линк