Општоприфатеното мислење дека витаминот Ц ја намалува опасноста од потенцијална настинка е чист мит, заклучија научниците по истражувањето спроведено на 11.350 лица.
Општоприфатеното мислење дека витаминот Ц ја намалува опасноста од потенцијална настинка е чист мит, заклучија научниците по истражувањето спроведено на 11.350 лица.
Само кај лицата подложни на големи физички напори, како на пример, маратонците или војниците, опасноста од заболување од настинка е двојно помала ако примаат одредено количество витами Ц. Но, за пошироката популација, учеството на витаминот Ц за превенција на настинката е премногу мало за да се советува негова секојдневна консумација, истакнаа австралиските и финските научници, кои ги спроведоа овие истражувања.
Наводното дејствување на витаминот Ц за превенција на настинката во седумдесеттите години од минатиот век го популаризираше американскиот хемичар Линус Полинг, добитник на Нобеловата награда. виа.