Избегнете ги мачнината и повраќањето додека патувате

возењеСекој 10-ти возрасен човек и четири петтини од децата кога патуваат се
подложни на „морска болест“, особено на подолги релации и ако има
повеќе свиоци додека патуваат. Проблемите може да се намалат со добра
подготовка и разумно однесување. Мачнината и повраќањето во текот на
возењето за многумина се огромен проблем.


drivingСекој 10-ти возрасен човек и четири петтини од децата кога патуваат се подложни на „морска болест“, особено на подолги релации и ако има повеќе свиоци додека патуваат. Проблемите може да се намалат со добра подготовка и разумно однесување. Мачнината и повраќањето во текот на возењето за многумина се огромен проблем.

Луѓето што немаат вакви проблеми тешко можат да сфатат колку е незгодно повраќањето во текот на возењето. Првин се јавуваат вртоглавица и потење, проследени со незгоден притисок во градите. Потоа свиоците стануваат се' подолги и понеудобни, а желудникот почнува „да се качува“.

Со темелни истражувања се извлечени следните заклучоци: кон повраќање за 20-30 проценти се посклони мажите отколку жените, проблемите се поизразени кај поголемите автомобили (теренци, комбиња) отколку кај лимузините, автомобилите со помека суспензија склони кон лулање се понеповолни од крутите, проблемите се двојно поизразени на задните отколку на предните седишта, со зголемување на температурата во кабината растат и ризиците од повраќање.

Возачите се целосно имуни на овие проблеми. Често се случува една личност што нема никакви проблеми зад управувачот да повраќа кога е совозач. Причината е во несогласувањето на информациите на видниот и на сетилниот систем. Возачот е сконцентриран на возењето и погледот ја следи траекторијата на движењето на автомобилот. Сите важни движења (вртењето на управувачот, менувањето на брзините, сопирањето) се ускладени со психомоторниот систем.

Информацијата што ја регистрираат очите и ја проследуваат до мозокот се усогласува со движењето на рацете и на нозете. Така возачот однапред се подготвува за сите движења на автомобилот, особено во свиок кога совозачот не гледа во правецот на возењето. Тогаш визуелните информации доаѓаат не се усогласуваат со положбата на телото и се случува вистинска збрка во главата.

Проблеми на патувањето имаат поголемиот дел од децата помеѓу две и шест години. Поради тоа на многумина и самата помисла за патување со автомобил или автобус им предизвикува мачнина. Како да се промени тоа?

Важни совети:

– Пред тргнување на пат автомобилот нека биде во ладовина, а во текот на возењето предните прозорци отворете ги за пет, а задните за два сантиметри (ако немате клима уред).

– Замолете го возачот да вози полека и мирно, без нагли свртувања, сопирања и забрзувања.

– Не тргнувајте на пат со полн желудник. Пред пат избегнувајте консумирање тешка храна, слатки, овошје и овошни сокови.

– Ако постојано имате проблеми при патување, може да земете лекови. Немојте да земате ништо на „своја рака“, туку консултирајте се со лекар.

– Пред пат изедете малку чоколадо, леб или печиво. Неколку зелени маслинки може да го намалат ризикот од повраќање. Пијте чај без шеќер или вода.

– Седете напред и гледајте постојано во насоката на движење.

– Облечете се лесно и избегнувајте места директно изложени на сонце.

– Држете ја главата исправено, немојте да читате, не разговарајте без потреба и немојте да гледате настрана.

– Немојте да пушите и замолете ги другите да не го прават тоа.

– Правите почесто паузи во текот на возењето и прошетајте на свеж воздух.


виа.

- Реклама -