Персонално агрегирање на Time.mk

Македонскиот агрегатор Time.mk почна со персонално агрегирање, односно можност за рачна селекција на содржините според личните вкусови на посетителите.

Персонализацијата се однесува на насловната страница на агрегаторот, како и на изворите на содржини. Така, наместо стандардно да ја гледате насловната страница со вести на денот, може да изберете категориите Живот или Спорт да добијат предност.

Исто така, може да ги рангирате изворите на содржините што најмногу ве интересираат. Така, наместо да добивате слична содржина од кој било медиум или портал, може да ги селектирате изворите што најмногу ве интересираат и тие ќе бидат водечки во одредени теми, но и вестите од избраните медиуми почесто ќе се наоѓаат во листата со топ-теми.

Персоналното агрерирање функционира со помош на лизгачи со вредности од 1 до 10. Моментно сите категории и извори автоматски се со вредност 5, а со зголемување или намалување на вредностите ќе го персонализирате Time.mk според содржините што најмногу ве интересираат, а понатаму и според изворите на кои најчесто ги читате саканите содржини.

За да го персонализирате Time.mk кликнете на MyTime во горното мени на сајтот.

- Реклама -