Фергусон: Ван Перси за малку убиен (видео)

Робин Ван Перси на натпреварот од 18. коло во Премиер лигата на кој Манчестер јунајтед однесе само бод од гостувањето против Свонси (1-1), можеше да биде сериозно повреден, а според зборовите на неговиот тренер, сер Алекс Фергусон, можеби дури и убиен!?

Ферги по натпреварот беснееше на судијата поради тоа што неговиот напаѓач можеше да биде повреден кога, додека лежеше на терен, одбранбениот играч на Свонси, Ешли Вилијамс со сите сили го удри со топка во глава. Ферги нагласи дека судиските грешки се составен дел од играта, но за таков ексцес морало да биде доделен црвен картон.

– Го виде целиот инцидент и не реагираше. Ван Перси можеше да биде убиен. Можеше да го убие Робин. Мислам дека ФА треба да ја испита целата ситуација. Без разлика на жолтиот картон заслужува суспензија затоа што тоа беше еден од најопасните потези кои сум ги видел во фудбалот по толку години – рече тренерот на „црвените ѓаволи“ и додаде дека е сигурен оти Вилијамс тоа го направил намерно, зашто бил на само 30 сантиметри од Ван Перси и поради тоа за тој мора да плати за овој срамен потег.

{youtube}OHGWLOkyk7Y{/youtube}

- Реклама -