Трикови за подобро расположение

Шефот ве изнервирал, а можеби и ви се заканува со намалување на платата. Одите дома со надеж да се релаксирате, но баш тој ден децата се особено немирни. Тука е и зимското сивило кое е вистински причинител на меланхолично и депресивно расположение. Не очајувајте и обидете се сами да си помогнете со овие три совети со кои вашето расположение сигурно ќе се подобри.

Наједноставен одговор е да се посветите на нешто друго, што ќе се разликува од она со што сте биле окупирани поголемиот дел од денот. Добра прошетка во природа, кафе со пријателките, опуштена игра со децата, добар филм во кино, вечера со драгата личност или со добро друштво, некој добар релаксирачки третман или шопинг.

Доволен е половина час

Стресот од работата најчесто го носите со себе дома, па, неопходно е по работниот ден да најдете барем 30 минути за себе. Подгответе си некој од вашите омилени пијалаци, како чај, кафе или свежо исцеден сок, пронајдете го омиленото катче во куќата, земете книга или списание кое го сакате и уживајте. Или опуштете се во топла и релаксирачка купка. Доволни се само 15 минути, а ефектот ќе биде фантастичен. Исто така, може да танцувате на омилената музика.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

И ситниците се важни

Доколку сте во можност, дозволете си некој подарок. Може да биде и ситница, но понекогаш е сосема доволно да внесете нешто ново во домот, зашто тоа може навистина да ве израдува. Со купувањето нови работи ќе добиете слика дека работите може да бидат поинакви, нови и свежи и дека промената секогаш е возможна. Повремено, без оглед на работните обврски, дозволете си сладолед, кафе и малку озборување со пријателката.

Рекреација

Уште еден добар начин е да одите на часови по танцување, јога или фитнес, веднаш по работното време. Така, дополнителните домашни обврски нема да ве спречат повторно да се активирате.

- Реклама -