Нов трејлер за „Големиот Гетсби“

Вториот трејлер за „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby), во режија на Баз Лурман е веќе објавен на Интернет и е многу подобар од првиот.

Иако почнува со песната No Church in the Wild на Kanye West и Jay Z, што е малку бизарно, сепак, ова и не е толку чудно со оглед на тоа што станува збор за филм на Лурман.

Премиерата на филмот што оригинално беше закажана за Божиќ, е одложена за мај 2013 година.

Главните улоги во луксузната визуализација на истоимената книга ги толкуваат Леонардо ди Каприо и Кери Мулиган, а ова е повторно обединување на Ди Каприо со Лурман, откако тие веќе соработуваа во остварувањето „Ромео и Јулија“.

- Реклама -