Успешен старт на Seavus во Белград

Домашниот лидер за извоз на софтверски услуги Seavus успешно стартуваше со работа во Белград, каде се позиционираше со својата подружница пред два месеци.

– Во Србија сме присутни од 2005 година преку канцеларијата во Ниш. Веќе триенаесет години успешно развиваме технолошки производи и софтверски услуги со цел да ги задоволиме потребите на светскиот пазар за нови и напредни технолошки решенија. Отворањето на подружницата во Белград е производ на стратегијата за интернационализација на Seavus, која ни овозможува да бидеме постојано достапни за клиентите и навремено да одговориме на нивните потреби – вели Коча Бошку, оперативниот директор на Seavus.

Белградската подружница моментно оперира со десет вработени, а се планира зголемување на оваа бројка во текот на 2013 година, со што канцелариите на Seavus во Србија ќе бројат 100 вработени.

Прочитајте и:  Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното

– Seavus е препознатлив странски инвеститор во Србија, но не само по бројот на вработени, туку и по важноста на клиентите со кои работиме – додава Бошку.

Интернационализацијата на оваа локална компанија ќе продолжи и во 2013 година и во други европски земји, со што Seavus и понатаму ќе ја реализира својата успешна развојна стратегија во и надвор од националните граници.

ПР текст

- Реклама -