Стив Хенкс е општо признат како еден од најдобрите уметници кои работат со водени бои денес. За време на неговото детство во Јужна Калифорнија тој обожавал да игра тенис и да сурфа, и како што самиот кажува, океанот и брановите оставиле траен впечаток врз него.
Стив Хенкс е општо признат како еден од најдобрите уметници кои работат со водени бои денес. За време на неговото детство во Јужна Калифорнија тој обожавал да игра тенис и да сурфа, и како што самиот кажува океанот, и брановите оставиле траен впечаток врз него.
Тој поминал многу време обидувајќи да се пронајде себеси во различни медиуми, за на крај да развие уникатен стил исполнет со детали, бои и реализам, невообичаени за овој тежок медиум. Хенкс својот стил го нарекува „емоционален реализам“ и лицата на неговите модели често се затскриени со цел емоциите да бидат пренесени преку целото тело. Клучен дел во неговите слики е сончевата светлина.