Метју Албаниз е уметник кој создава макети и минијатури од предмети што можат да се најдат во домаќинството. Потоа ги фотографира и создава многу моќни фотографии кои на моменти ќе ве измамат дека гледате во нешто многу поголемо и далеку позначајно…
Метју Албаниз е уметник кој создава макети и минијатури од предмети што можат да се најдат во домаќинството. Потоа ги фотографира и создава многу моќни фотографии кои на моменти ќе ве измамат дека гледате во нешто многу поголемо и далеку позначајно…
„Мразокршач“, макета направена од 11 килограми шеќер готвен на варирачки температури, во комбинација со други прехранбени производи (сол, јајца, брашно итн.)
„Сѐ што некогаш бевме“, макета направена од пепел, малтер, хартија и жица (за знамето). Земјата е видео проекција на ѕидот.
„Торнадо“, макета направена од стаклена волна, памук, измелен магдонос и мов.
„Марс“, макета направена од црвен пипер, буковец, цимет, мелени индиски ореви и јаглен.
„Вулкан“, макета направена од малтер, памук, фосфорно мастило. Осветлувањето доаѓа одоздола, од 6 светилки од по 60 вати.
„Запалена соба“, макета направена од дрво, најлон, плексиглас и мебел од куќа за кукли. Макетата била вистински запалена за да се постигне најдобар можен ефект.
„Солени водопади“, макета направена од стакло, плексиглас, малтер, гранчиња, мов, сол, насликано платно и сув мраз. Ефектот на водопадот е постигнат со истурање на сол.
„Поле по бура“, макета направена од вештачко крзно (полето), памук (облаците) и малтер (планините).
Оваа макета е направена со мешање на повеќе нешта. Малтер, мов, четки за чистење шишиња, итн. Небото е сино обоено платно, а сѐ е направено врз маса за во двор со шарено стакло.