Најдобрите актери што станале режисери

Голем број популарни глумци се впуштаат во режисерските води тогаш кога актерските кариери им се во подем. Меѓутоа, ретко кои од нив успеваат да станат квалитетни режисери. Еве ги шестте глумци на кои им успеало тоа.

Џон Фавро

Неговото име може нема да го препознаете веднаш, но закоравените обожаватели на серијата Friends веројатно го паметат како шармантниот дечко на Моника од третата сезона. Тој ги сними светскиот блокбастер Iron Man, божиќната комедија Elf, како и дискутабилниот трилер Cowboys & Aliens. Се шпекулира дека единствената причина поради која не го режира третото продолжение на Iron Man е тоа што станал толку добар што Marvel Studio нема доволно пари за да ги плати неговите услуги.

Бен Афлек

Тој е веќе очигледен избор, особено поради неверојатниот Argo, што неодамна беше прикажан во светските кино-сали. Афлек е веќе навикнат да работи зад камерата по Good Will Hunting, што го напиша заедно со својот колега и пријател, Мет Дејмон, но својот талент во најголема мера го покажа со режисерско деби Gone Baby Gone.

Рон Хауард

Најпознат е по улогата на Ричи Канинган во Happy Days, a режисерското деби го направи во 1977 година со филмот Grand Theft Auto, откако ја напушти серијата. Оттогаш сними голем број импресивни остварувања, меѓу кои се вбројуваат и A Beautiful Mind, How the Grinch Stole Christmas, The Da Vinci Code и Frost/Nixon.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

Клинт Иствуд

Додека најголемиот број актери со негов стаж веројатно би ја намалиле брзината и би уживале во своите милиони, Иствуд ги сними ремек-делата Million Dollar Baby, Gran Torino и J. Edgar, а не планира да застане таму. Меѓутоа, шансата да го сними своето режисерско деби Play Misty For Me во 1971 година беше под услов да се откаже од својата вообичане актерска плата.

Боб Рејнер

Го гледавме во ситком-серијата од седумдесетите години на минатиот век, All In The Family, но и во The Bucket List и Rumor Has It, меѓутоа токму неговата режисерска кариера заслужува најголеми пофалби. Под неговата палка се снимени This Is Spinal Tap, A Few Good Men, Misery, When Harry Met Sally, The Princess Bride, како и ремек-делото Stand By Me.

Џорџ Клуни

Можеби е познат по харизмата со која ги освојува жените ширум светот, но неговите режисерски способности му донесоа номинација на 69. доделување на „златен глобус“, за филмот The Ideas Of March. Во неговото режисерско деби Confessions Of A Dangerous Mind играа Џулија Робертс и Дру Баримур. [The 6 Best Actors-Turned-Directors]

 

- Реклама -