Volvo планира возила без возач до 2014 година

За да ја задржи својата репутација на еден од најбезбедните автомобилски производители, во 2020 година, Volvo планира да произведува автомобили во кои ризикот да се добие било каква повреда е речиси незамислив. Бидејќи причина за повеќето нескани последици сепак е човекот, најдобрата заштита е автомобилот да се движи без возач.

Во моментов многу автомобилски производители работат над создавањето на беспилотни возила и дури Google исто така развива сопствен проект. Но, од Volvo се убедени дека компанијата прва ќе пушти на пазарот сериски беспилотен автомобил.

Технолошка основа за самоуправувачкиот автомобил на Volvo ќе е бежичниот интернет пристап. На безжичен канал автомобилите ќе комуницираат меѓу себе, на секој од нив ќе му биде посветено сопствено место на патот и како резултат на ова, ризикот од транспортни несреќи ќе се намали драстично.

Првата серија беспилотни возила на Volvo ќе се појави во 2014 година. Самоуправувачките возила ќе можат да се забрзуваат до 50 km/h, a тоа е сосема доволно да се докаже ефикасноста на технологијата. Впрочем, тоа не е единствениот ваков проект на шведскиот производител – Volvo веќе одржа тестирање на системот SARTRE кој им овозможува на своите автомобили да се движат по патеката со брзина 85 km/h, но за дофинализација на истиот треба време.

- Реклама -