Прекината традицијата долга 60 години поврзана со Едгар Алан По

ПоШест децении, на денот на раѓањето на американскиот поет Едгар Алан По, на неговиот гроб во Балтимор, мистериозна личност затскриена од ноќта, доаѓала и оставала рози и полуиспиено шише коњак. Сѐ до оваа година…

Шест децении, на денот на раѓањето на американскиот поет Едгар Алан По, на неговиот гроб во Балтимор, мистериозна личност затскриена од ноќта, доаѓала и оставала рози и полуиспиено шише коњак. Сѐ до оваа година…

ПоВо 1949 година, за прв пат било забележано дека роденденот на големиот американски писател е одбележан од непознат посетител на неговиот гроб, со оставање рози и полуиспиено шише коњак. Оттогаш, секоја година, гробот во Балтимор бил посетуван од скриената мистериозна личност.

За првпат, во 2010 година, утрото на 19 јануари осамна, а на гробот на Едгар Алан По немаше ништо.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари

Многумина, низ годините, се обиделе да го разоткријат идентитетот на мистериозниот посетител, но безуспешно. По прекинувањето на традицијата, се разгореа шпекулациите за можниот идентитет на посетителот, дали прекинот на традицијата се должи на неговата смрт или можеби се работи за повеќе посетители и дека веќе нема кој да го продолжи необичното прославување на неговиот роденден.

За сепак да се одбележи роденденот на овој генијалец, рози и коњак на неговиот гроб, во текот на денот, остави Синтија Пелахо од Чикаго.

Шест децении, на денот на раѓањето на американскиот поет Едгар Алан По, на неговиот гроб во Балтимор, мистериозна личност затскриена од ноќта, доаѓала и оставала рози и полуиспиено шише коњак. Сѐ до оваа година…
- Реклама -