Стручњаците веруваат дека открија досега непознато дело на Леонардо да Винчи – благодарејќи на еден отисок на прст за кој се смета дека му припаѓа на уметникот.
Стручњаците веруваат дека открија досега непознато дело на Леонардо да Винчи – благодарејќи на еден отисок на прст за кој се смета дека му припаѓа на уметникот.
Стручњакот за форензика во уметноста од Монтреал, Питер Пол Биро, тврди дека пронашол отисок на прст кој му припаѓа на Да Винчи на слика која досега се веруваше дека настаналa во Германија во 19 век.
Колекционерот од канадско потекло, Питер Силверман, ја купил во њујоршката галерија Ganz сликата „Профил на млада девојка во ренесансен фустан“ за еден анонимен швајцарски колекционер по цена од 19.000 долари. Форензичарот Питер Пол Биро тврди дека на оваа слика го открил истиот отисок од показалец или од средниот прст кој е пронајден и на сликата св. Јеронимо во Ватикан.
„Леонардо да Винчи во буквална смисла ги користел рацете како дел од сликарската техника, неговите отисоци од прсти се откриени на многу од неговите дела.“ – според Биро.
Стручњаците велат дека, доколку се покаже дека Биро бил во право, ова ќе биде првата непозната слика на Да Винчи која е пронајдена во последните 100 години. Проценувачите тврдат дека во тој случај нејзината вредност би била повеќе од 150 милиони долари.