Nokia со најдобриот Super Sensitive Touch

Со цел да ги направи подобри своите Super Sensitive Touch екрани, Nokia промовира нов софтвер за смартфоните Lumia 920 и Lumia 820.

Овој апдејт ќе се појави на телефоните како 1.1.2.4 и ќе се однесува на Display+Touch опцијата што ја имаат Lumia 920, 810, 820 и 822.

Целта на овој софтвер е да го направи екранот дополнително чувствителен на физички допир, со што ќе им овозможи на корисниците да го користат екранот дури и кога носат ракавици.

За жал сѐ уште нема информации за промените кои се направени за да може овој апдејт да се користи, но според претставниците на финската компанија, сето ова ќе направи телефоните да функционираат подобро. [Nokia Releases Super Sensitive Touch Update for Lumia 920 / 820]

- Реклама -